
„Аман Група“ и организацијата на Марко Николиќ ќе достават повеќе од 10 тони храна до социјално загрозени семејства низ Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во втората половина на ноември, компанијата „Аман Група“, која работи преку два малопродажни бренда – „Аман“ и „Дис“, во соработка со Марко Николиќ и неговата хуманитарна организација, ја започнува хуманитарната акција „Караван на љубовта – Да ги нахраниме гладните“.
Целта на акцијата е повеќе од 10 тони храна и основни животни потрепштини да стигнат до социјално загрозени семејства во неколку градови низ Србија.
Иницијативата, како што истакнуваат од групацијата, произлегла од заедничката желба да се пружи конкретна поддршка на луѓето на кои помошта најмногу им е потребна, како и како потсетник колку се важни солидарноста, емпатијата и заедништвото за секое општество.
Организацијата исто така ќе ја преземе координацијата на хуманитарниот караван, ќе обезбеди гориво, сместување и оброци за волонтерите, а ќе започне и посебна SMS хуманитарна акција преку која граѓаните ќе можат да се вклучат и да дадат дополнителна поддршка на проектот.
„Нашата цел е многу поголема од самата дистрибуција на храна. Сакаме да ги посетиме семејствата низ Србија, да им пружиме поддршка и да им покажеме дека не се заборавени и дека не се сами. Веруваме дека секое семејство заслужува сигурност, достоинство и чувство дека некој мисли на него. Преку оваа заедничка иницијатива, „Аман“ и „Дис“ уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон општествено одговорното работење и активниот придонес кон заедницата во која работат. Веруваме дека големите промени почнуваат со мали, но искрени дела. Кога ќе ги здружиме силите, можеме да стигнеме подалеку, да помогнеме на поголем број луѓе и да покажеме дека хуманоста нема граници“, порачаа од „Аман Група“.
Фото: Анета Војиновиќ