
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Шпар Албанија“, кој е во сопственост на малопродажната групација „Вива Фреш Груп“, постигна договор за преземање на продавниците на два албански трговски синџири, „Еко Маркет“ и „КМЈ“, пренесува SeeNews.
Според деловниот портал Monitor, трговецот ќе ги преземе сите 16 продавници на „Еко Маркет“ во Тирана, како и шест продавници на „КМЈ“ со површина поголема од 300 квадратни метри.
Синџирот „КМЈ“ работи во рамките на компанијата „Комбинати Мишит Изберишт“, производител на месо основан во Тирана во 1997 година. Според податоците од деловниот регистар, мнозински сопственик на компанијата е Григор Ленго. „Еко Маркет“ е основан во 2009 година, а во сопственичката структура се Арманд и Агрон Дука.
„Шпар Албанија“ е основан врз основа на франшизен договор меѓу албанската групација „Балфин“ и меѓународната организација „Шпар“, со седиште во Холандија. „Вива Фреш Груп“ го презеде синџирот од „Балфин“ во август минатата година за 36,4 милиони евра.
При преземањето, „Вива Фреш Груп“ најави план во рок од пет години да го удвои бројот на продавници на „Шпар“ во Албанија. Компанијата во декември 2025 година ја отвори својата 100. продавница на албанскиот пазар, а најновите преземања претставуваат уште еден чекор во стратегијата за проширување на мрежата и зајакнување на присуството во земјата.