
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„ПепсиКо“ ја именува Соња Радак Станиќ за нова HR директорка за Југоисточна Европа и Балтичките земји, со седиште во Белград.
На новата позиција, Радак Станиќ ќе биде одговорна за спроведување на стратегијата за развој на луѓето и организацијата на 15 пазари – Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија. Целта е создавање средина во која вработените ќе можат да го остварат својот целосен потенцијал, со истовремена поддршка на деловните приоритети, соопшти компанијата.
„Новата улога ја гледам како можност луѓето уште посилно да ги ставиме во центарот на секоја одлука и да градиме средина во која секој може да го оствари својот целосен потенцијал, да ја развива кариерата и да придонесува за успехот на компанијата. Верувам дека преку поедноставни процеси, дигитални решенија и современ пристап кон развојот на луѓето можеме да ги зајакнеме нашите тимови да остваруваат резултати денес, а истовремено да градиме организација подготвена за идните предизвици и можности“, изјави Радак Станиќ.
Радак Станиќ е дел од тимот на „ПепсиКо“ речиси десет години, во текот на кои ја градела кариерата низ различни функции, од развој на бизнисот и комерцијални активности до трансформација и човечки ресурси. Тоа ѝ овозможило да стекне широко разбирање за работењето и развојот на луѓето.
Со 20 години професионално искуство, Радак Станиќ во текот на кариерата извршувала различни комерцијални и лидерски функции во FMCG индустријата. Таа е дипломиран психолог и сертифициран коуч во областа на когнитивно-бихејвиоралниот коучинг, со посебен фокус на развојот на луѓето и организациите.
„Нејзиното искуство во работата со различни функции, тимови и култури обликуваше лидерски стил заснован на длабоко разбирање на деловниот контекст, потребите на луѓето и специфичностите на различните средини. Таквото искуство претставува силна основа за нејзината сегашна позиција, која опфаќа голем број пазари што се разликуваат според својата динамика, деловните приоритети и локалниот контекст, овозможувајќи ѝ да поврзува различни перспективи и да гради пристапи приспособени на потребите на секој од нив, со истовремена имплементација на глобалните практики“, посочуваат од компанијата.