
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонските професионални возачи во меѓународниот превоз добиваат можност за стабилен ангажман преку новата долгорочна национална виза „D“ со важност до 365 дена што ја воведува Република Хрватска, соопшти асоцијацијата „Макам-транс“.
Сепак, од здружението нагласуваат клучна ограничувачка мерка – оваа виза не важи во сите земји членки на Европската Унија или Шенген зоната, туку овозможува исклучиво влез на територијата на Република Хрватска за вршење превоз на стока и патници. Таа не може да се користи за туризам или за работа во други европски земји, бидејќи тоа претставува основ за њезино поништување.
Аплицирањето започнува од 23 септември 2026 година преку електронскиот систем „Crovisa“, по што следува физичко поднесување на документацијата во Амбасадата на Хрватска во Скопје. Во првите денови, амбасадата ќе прифаќа најмногу 15 барања дневно, во периодот од 13:00 до 14:30 часот, со задолжително претходно закажување преку официјалниот конзуларен портал.