
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Раденска Адриатик“ го проширува своето продажно портфолио на словенечкиот и хрватскиот пазар со нов бренд од „Кофола група“, преземајќи ја дистрибуцијата на ZUBR, етаблирано чешко пиво со повеќе од 150 години пиварска традиција.
Брендот ZUBR потекнува од Пршеров во Моравија, регион со долга и богата пиварска традиција. Брендот, чија историја датира од 1872 година, се темели на препознатливата чешка традиција во производството на пиво и на квалитетот, а е добитник и на бројни меѓународни награди, соопшти компанијата.
„ZUBR е внимателно избрано дополнување на нашето портфолио, кое произлегува од можностите што ги нудат синергиите во рамките на „Кофола група“. Станува збор за бренд со долга традиција, автентичен карактер и одличен вкус, за кој веруваме дека може да ги привлече потрошувачите кои сакаат квалитетна алтернатива и сакаат да пробаат нешто ново“, изјави Маријан Шефчович, извршен директор на „Раденска Адриатик“.
Во првата фаза на пазарот пристигнува ZUBR Grand, светол лагер кој се одликува со единствен процес на четирикратно додавање хмељ. Во продавниците е достапен во лименка од 0,5 литри, а „Раденска“ постепено ќе ги проширува дистрибуцијата и достапноста на брендот.
„Чешка има една од најсилните пиварски традиции во светот, а ZUBR е нејзин автентичен претставник. Веруваме дека токму оваа комбинација од долгогодишно искуство, квалитет и потекло може да им понуди интересна алтернатива на словенечките и хрватските потрошувачи“, порача Шефчович.