InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Ошан“ од 1 септември повеќе не продава свежи јајца од кафезно одгледување во Полска, со што компанијата го заврши повеќегодишниот процес на постепено повлекување на оваа категорија производи од својата понуда.
На купувачите во Полска отсега им се достапни исклучиво јајца од алтернативни системи на одгледување, односно од подно, слободно и органско одгледување.
Првите активности во оваа насока „Ошан“ ги започна уште во 2017 година, кога се обврза од понудата на својата приватна трговска марка да ги отстрани јајцата од кафезно одгледување. Оваа цел беше остварена во 2021 година, по што следуваше и отстранување на овие производи од онлајн-продажбата.
Најновиот чекор подразбира целосно повлекување на свежите јајца од кафезно одгледување и од производите на другите производителски брендови во физичките продавници.
Компанијата наведува дека промената била спроведувана постепено. Во текот на претходните две години фокусот бил ставен на едукација на потрошувачите за алтернативните начини на одгледување, проширување на асортиманот и промоција на производите од подно, слободно и органско одгледување.
Истовремено, „Ошан“ работел на обезбедување широк избор на производи во различни ценовни категории, со цел преминувањето кон понуда без јајца од кафезно одгледување да биде што поедноставно за купувачите.
„Целосното повлекување на јајцата од кафезно одгледување бараше внимателна подготовка на понудата и тесна соработка со снабдувачите. Сакавме, заедно со откажувањето од оваа категорија, на купувачите да им обезбедиме широк избор на алтернативни производи по пристапни цени. Во текот на последните две години систематски ја зголемувавме нивната достапност, ја поддржувавме продажбата со промотивни активности и го подготвувавме асортиманот за оваа промена. Денес можеме да кажеме дека тој процес е завршен“, изјави Радослав Дац, директор за производи и логистика во „Ошан Полска“.
„Ова е важен момент за нас и причина за задоволство. Уште еднаш покажуваме дека нашите ветувања ги претвораме во конкретни одлуки и активности. Повлекувањето на јајцата од кафезно одгледување од нашата понуда претставува значаен чекор кон унапредување на благосостојбата на животните и развој на поодговорна понуда. Истовремено, тоа е одговор на очекувањата на нашите купувачи, за кои начинот на производство на храната станува сè поважен“, додаде Магдалена Бобко, директорка за општествено одговорно работење во „Ошан Полска“.
„Ошан“ наведува дека основата на понудата на свежи јајца сега ја сочинуваат производи од подно, слободно и органско одгледување. Исклучок може да бидат одредени франшизни продавници, во кои поради специфичностите на деловниот модел привремено сè уште може да се најдат јајца од кафезно одгледување.