
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Перутнина Птуј“ одбележа 120 години работење со посебен настан во пулската Арена, каде што ги собра своите деловни партнери од различни пазари и им се заблагодари за значајниот придонес во заедничкиот развој.
За компанијата, јубилејот претставува можност за осврт на односите, партнерствата и развојот што ја обликувале во еден од најзначајните играчи во живинарската индустрија во регионот.
Во историскиот амбиент на Арената во Пула се собраа деловни партнери, претставници на компанијата и други гости. Вечерта помина во знакот на музиката, танцот и дружењето, а пред сè во одбележување на долгогодишните партнерства кои претставуваат важен дел од успехот на компанијата.
„Најголемата вредност на нашата компанија се луѓето кои во текот на овие 120 години заеднички ја создаваа и ја доведоа до она што е денес, заедно со партнерите кои го споделуваа овој пат со нас“, истакна Енвер Шишиќ, претседател на Надзорниот одбор.
Лука Комазец, претседател на Управата на „Перутнина Птуј“, го претстави погледот кон иднината, истакнувајќи дека компанијата во следниот период сака да биде уште поблиску до своите купувачи, а истовремено да создаде средина во која и новата генерација вработени ќе сака да ја гради својата кариера.