
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Холандскиот дисконтен трговец „Акшн“ ја отвори својата прва продавница во Словенија. Новиот објект во трговскиот центар „Велењка“, на адреса Цељска цеста 40 во Велење, претставува официјален влез на еден од најголемите европски дисконтни синџири за непрехранбени производи на словенечкиот пазар.
„Акшн“ на словенечките купувачи им нуди околу 6.000 производи во 14 категории, вклучувајќи производи за домаќинство, чистење и перење, лична нега, декорација, слободно време, градина, „направи сам“ проекти, канцелариски и креативен прибор, играчки, текстил, производи за домашни миленици, како и избрани прехранбени производи и пијалаци.
Приближно две третини од производите што ги продава „Акшн“ чинат помалку од две евра, додека понудата секоја недела се дополнува со околу 150 нови производи. Ниските цени компанијата, меѓу другото, ги обезбедува преку набавка на големи количества стока, ефикасна логистика и стандардизирани процеси.
„Акшн“ е основан во 1993 година во холандскиот град Енкхаузен. Денес има повеќе од 3.300 продавници во 15 европски земји и повеќе од 22 милиони купувачи неделно. Со отворањето на продавницата во Велење, Словенија станува 16-тиот европски пазар на компанијата.
Се очекува проширувањето во Словенија да продолжи. Компанијата бара вработени и за Марибор, Нова Горица и Брежице. Како локација на новата продавница во Марибор е наведена Тржашка цеста 65, додека локалните медиуми го наведуваат 1 октомври како датум на отворање.
„Акшн“ во текот на 2025 година оствари приближно 16 милијарди евра приходи од продажба и EBITDA од 2,4 милијарди евра. Во првата половина од годинава приходите се зголемени за 14%, на 8,3 милијарди евра, додека на крајот од јуни мрежата опфаќала 3.423 продавници.