
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карлсберг“ и Хрватскиот дефлимписки одбор (HDO) ја започнаа кампањата „Веројатно најдобри заедно“, насочена кон поголема видливост на хрватските глуви спортисти и нивните резултати.
Пораката „Веројатно најдобри заедно“ се надоврзува на слоганот на Carlsberg „Веројатно најдоброто пиво во светот“, додека во оваа кампања, која ќе биде претставена во текот на Меѓународната недела на глувите, од 19 до 27 септември, акцентот е ставен на заедништвото меѓу спортистите и поддршката што ги следи на патот до резултатите, соопшти компанијата.
Знаковниот јазик се користи како еден од клучните елементи на кампањата, со цел приказните на спортистите да бидат претставени од нивна перспектива.
Сличен пристап „Карлсберг“ примени претходно годинава преку кампањата Signs of Unity, реализирана во соработка со фудбалскиот клуб Liverpool и Британската асоцијација на глуви, во која знаковниот јазик беше вклучен во фудбалското искуство на глувите и наглувите навивачи на „Енфилд“.
„Најубавите спортски приказни често не се само оние што зборуваат за победи, туку и за луѓето што стојат зад нив. За спортистите кои секојдневно ги поместуваат сопствените граници, се поддржуваат едни со други и со својот пример ја инспирираат заедницата. Токму затоа сакавме оваа соработка да не зборува првенствено за нас како бренд, туку за нив и за вредностите што ги претставуваат. Пораката „Веројатно најдобри заедно“ во оваа приказна зборува за луѓето кои со својот труд, посветеност и спортски дух секојдневно покажуваат што значи да се биде најдобар“, истакна Марија Вагнер Шушњара, бренд-менаџерка за премиум категоријата во „Карлсберг“.
„Спортот нè учи дека најголемите успеси се градат заедно. Без оглед на спортот, дисциплината или начинот на комуникација, она што нè поврзува се заедничките цели, меѓусебното почитување и поддршката. Драго ни е што „Карлсберг“ ја препозна токму таа вредност. Ова партнерство е можност приказните на нашите спортисти да стигнат до поширока публика и да се види колку нивните резултати, но и нивниот пат до нив, се вредни за внимание“, додаде Анте Плечаш, директор за маркетинг на Хрватскиот дефлимписки одбор.
Партнерството ќе вклучува низа содржини на социјалните мрежи на Carlsberg и Хрватскиот дефлимписки одбор, а во центарот на кампањата се Ања Окреша, Кристијан Живковиќ и Јосип Јаковљевиќ, хрватски претставници во атлетика, ракомет и футсал.
Партнерството ќе биде поврзано и со активностите на HDO, а „Карлсберг“ ќе ја поддржи претпремиерата на документарниот филм „55 децибели“, која ќе се одржи на 26 септември. Филмот ја следи хрватската ракометна репрезентација на глуви и нејзините настапи на Олимписките игри за глуви, а се занимава и со значењето на спортот за лицата со оштетен слух.