
Новото здружение ARPM собира 13 компании од индустријата за широка потрошувачка што работат на романскиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Основано е Романското здружение на производители на брендирани производи (ARPM), организација што ги собира компаниите од индустријата за стоки за широка потрошувачка активни на романскиот пазар.
ARPM моментално собира 13 компании од различни сектори, вклучително и прехранбената индустрија, козметиката и производите за лична нега, како и производите за хигиена и одржување на домаќинството, чии производи секојдневно стигнуваат до милиони домаќинства во Романија.
Компаниите-членки на ARPM работат на локалниот пазар повеќе од три децении, во текот на кои вложуваа во производни капацитети, развиваа партнерства со локални добавувачи и производители и придонесуваа за проширување на понудата за потрошувачите.
Здружението го поддржува дијалогот со државните институции и со другите релевантни чинители со цел создавање конкурентно, предвидливо и долгорочно одржливо деловно опкружување.
Компании-членки на ова здружение се: „Пепсико“, „Мондолиз“, „Хенкел“, „Проктер и Гембл“, „Јунилевер“, „Нестле“, „Данон“, „Кока-Кола“, „Кароли фудс груп“, „Л’Ореал“, „Д-р Еткер“, „ЈДЕ Питс“ и „Хајнекен“.
„Силните брендови се градат тргнувајќи од потрошувачите, од она што им е потребно денес и она што ќе го очекуваат утре. Компаниите што ги собираме континуирано вложуваат за да им понудат на потрошувачите повеќе избор, квалитет и иновации, како и да создаваат дополнителна вредност тука, во Романија. Преку ARPM сакаме оваа перспектива да ја внесеме во дијалогот за иднината на пазарот на стоки за широка потрошувачка и, заедно со институциите, да придонесеме за создавање рамка што ги поттикнува конкуренцијата и долгорочните инвестиции, во корист на потрошувачите“, порача Индра Михаила, претседателка на ARPM.
Со ARPM управува Управен одбор во следниот состав: Индра Михаила („Пепсико Романија“) – претседателка; Михаела Станку („Проктер и Гембл Романија“) – потпретседателка; Дана Добреску („Мондолиз Романија“) – благајничка; Ана Бусуиок („ЈДЕ Питс Романија“) – членка; Симона Фиртат („Л’Ореал Романија“) – членка.
Со основањето на ARPM, водечките мултинационални компании од FMCG-секторот во Романија добиваат заедничка платформа за застапување на интересите на индустријата и за соработка со институциите на теми што се однесуваат на развојот на пазарот, конкурентноста и инвестициската клима.
ARPM соработува со организацијата AIM – European Brands Association, а официјалното членство во ова европско здружение се очекува од 1 јануари 2027 година.
Фото: ARPM