
Компанијата „Баерсдорф“ соопшти дека за нов финансиски директор е назначена Деси Темперли, која ќе го замени Јеспер Андерсон од 1 јули годинава.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Баерсдорф" соопшти дека за нов финансиски директор е назначена Деси Темперли, која ќе го замени Јеспер Андерсон од 1 јули годинава.

Претходно, од 2004 година, Темперли (45) беше на чело на одделот за односи со инвеститори во компанијата „Нестле".
Таа студирала економија на Американскиот универзитет во Бугарија. Кариерата ја почнала во 1994 година во „Шел" – Бугарија, а подоцна преминала во корпорацијата „Кејбл & вајрлес" во Лондон и во Москва.
Производителот на брендот Nivea извести за органски пораст на продажбата од 5,7%, со што го надмина износот од 7 милијарди долари во 2017 година.