
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
McVitie’s соопшти дека ги засилува своите амбиции во Кина со стратегија што го надминува сегментот на бисквити по кои британскиот бренд стана познат, додека сопственикот „Пладис“ настојува да го развие McVitie’s во глобален бренд вреден една милијарда фунти.
Иако одредени бисквити McVitie’s веќе се достапни во Кина, „Пладис“ сега го проширува брендот со грицки развиени локално, специјално за кинеските потрошувачи.
Овој потег означува нова фаза за еден од најпознатите британски прехранбени брендови. Додека McVitie’s во земји како Велика Британија и Ирска останува синоним за бисквитите Digestives, „Пладис“ верува дека идниот меѓународен раст сè повеќе ќе произлегува од проширувањето на брендот надвор од традиционалниот асортиман на бисквити.
На други пазари оваа трансформација веќе е во тек преку производи како McVitie’s Joy во Саудиска Арабија и Египет, што ја покажува способноста на брендот на меѓународно ниво да се приспособува на различни формати и пригоди за консумирање.
Кина претставува една од најголемите долгорочни можности за раст на брендот. Како дел од оваа стратегија, „Пладис“ во август ќе лансира локално развиена линија McVitie’s Flipz, која ќе се произведува во Кина и ќе биде приспособена на локалните вкусови.
Линијата првично ќе биде достапна во Шангај и Гуангџоу и ќе го комбинира брендот McVitie’s со Flipz форматот на переци прелиени со чоколадо. Ќе биде лансирана во три вкуса избрани за кинескиот пазар: matcha и мед, баскиски cheesecake со лимон и чоколадо со лешник. Производите се развиени и во помал формат на залчиња за да одговараат на локалните навики за консумирање грицки.
Наместо да извезува постојни производи од Европа, „Пладис“ ја разви линијата во согласност со кинеските вкусови и навики за купување – од вкусовите и големината на порциите до начинот на производство и продажба.
Производите ќе се произведуваат во Кина преку одобрен партнер на „Пладис“ и ќе се продаваат преку големите платформи за е-трговија, вклучувајќи ги Tmall, JD.com и Douyin, како и преку избрани малопродажни партнери, меѓу кои „Костко“, „Метро“, „РТ-Март“, „Јонгхуи“, „Лосон“ и „ФемилиМарт“.
„McVitie’s можеби е познат по бисквитите, но неговата следна фаза на раст нема да доаѓа само од бисквитите. Додека се шириме на меѓународно ниво, ги разгледуваме начините на кои McVitie’s може да има поголема улога во сегментот на грицки, допирајќи до нови потрошувачи преку нови производи и формати. Кина е еден од највозбудливите пазари за грицки во светот. Ја развивме оваа линија во согласност со локалните вкусови и навики за купување бидејќи веруваме дека долгорочниот успех произлегува од разбирањето на она што го сакаат потрошувачите, а не од едноставно извезување производи кои се успешни на други пазари. Го градиме McVitie’s за неговото следно поглавје на раст. Кина е важна пресвртница на тој пат, а веќе подготвуваме и други пазари и производи“, изјави Дејвид Мареј, главен комерцијален директор на „Пладис“.
„Кина е стратешки важен пазар за „Пладис“, со една од најголемите и најдинамичните групи потрошувачи на грицки во светот. Потрошувачите тука се многу заинтересирани за нови вкусови, формати и дигитални канали за купување, што ја прави Кина природно место за развој на следната фаза од растот на McVitie’s. Со развивањето на McVitie’s Flipz во согласност со локалните вкусови, локалните канали и локалните навики за консумирање грицки, создаваме понуда која уште од самиот почеток е осмислена за Кина. Тоа е важна стратешка можност за McVitie’s и „Пладис“, додека продолжуваме да ги развиваме нашите брендови низ Азија“, додаде Маној Лоја, генерален директор на „Пладис“ за Азиско-пацифичкиот регион.