
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Франк“ на својата локација на улицата Водоводна 20 во Загреб пушти во употреба нова соларна електрана со моќност од 523 kWp. Електраната се состои од 1.150 соларни панели поставени на покривите на производствените погони, а проценетото годишно производство изнесува 550 MWh електрична енергија.
Новата соларна електрана беше пуштена во употреба во август, а со нејзиното користење компанијата го зголемува уделот на енергија од обновливи извори и ја намалува потребата за преземање електрична енергија од мрежата.
Според процените, електраната ќе овозможи годишно намалување на емисиите на стакленички гасови за околу 80 тони CO2-еквивалент, што е количество кое за една година го апсорбираат приближно 3.700 дрвја, соопшти компанијата.
Проектот е реализиран со кофинансирање од средства на Европската Унија, а инвестицијата е дел од активностите на компанијата насочени кон зголемување на енергетската ефикасност и поодговорно управување со ресурсите.