
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Марс“ (Mars, Incorporated) најави дека во 2027 година планира да инвестира околу 1,4 милијарди долари (1,27 милијарди евра) во проширување на производствените капацитети и развој на своето работење во Соединетите Американски Држави.
Станува збор за најголемата годишна инвестиција на компанијата досега, која се надоврзува на повеќе од девет милијарди долари (8,14 милијарди евра) вложени во работењето во САД од 2017 година.
Во рамките на најавените инвестиции, на почетокот на следната година „Марс“ ќе вложи повеќе од 34 милиони долари (30,77 милиони евра) во отворање четири нови ветеринарни болници во рамките на системот Mars Veterinary Health.
Со оваа инвестиција се очекува да бидат отворени до 195 нови работни места.
„Додека „Марс“ одбележува 115 години работење, нашата посветеност на производството во Америка никогаш не била посилна. Дури 94% од производите на „Марс“ што се продаваат во САД се произведуваат во земјата, што е резултат на децениските инвестиции во нашите вработени, работењето и заедниците во кои сме присутни“, изјави Клаус Агард, финансиски директор на „Марс“.
Тој нагласи дека континуираните инвестиции на компанијата се насочени кон иднината, проширувањето на производствените капацитети и забрзувањето на растот на портфолиото на производи и услуги.
„Нашите вложувања имаат цел да обезбедат да можеме да одговориме на променливите потреби на потрошувачите и во наредните генерации“, додаде Агард.
Нови инвестиции во производството на храна и производи за домашни миленици
Компанијата неодамна соопшти дека брендот Trü Frü го проширува своето работење во Солт Лејк Сити, со инвестиција од 60 милиони долари (54,29 милиони евра) за изградба на две нови производствени линии.
Дополнително, „Марс“ ќе инвестира 49 милиони долари (44,35 милиони евра) во фабриката за влажна храна за домашни миленици во Колумбус, во американската сојузна држава Охајо.
Оваа инвестиција ќе овозможи во САД да започне производството на брзорастечката линија посластици за домашни миленици Temptations Lickable Treats.
Од 2022 година досега, „Марс“ во овој производствен погон има инвестирано вкупно 162 милиони долари (146,60 милиони евра).