
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Имлек“ го именуваше Игор Парапид за нов генерален директор на своето работење во Црна Гора.
Парапид на новата функција доаѓа од позицијата директор за извоз, откако претходно беше одговорен за развојот на регионалните извозни пазари.
Во текот на својата кариера, која опфаќа повеќе од 15 години во компанијата „Имлек“, Парапид извршувал повеќе раководни функции, вклучително и директор за маркетинг и продажба.
На новата позиција ќе биде задолжен за управување со работењето на „Имлек“ во Црна Гора, а истовремено ќе продолжи да го води развојот на хрватскиот пазар и на одредени пазари на кои е присутна дијаспората.
„Се радувам на ова ново поглавје, на новите предизвици и можностите дополнително да ја зајакнеме пазарната позиција на „Имлек“ и да оствариме одржлив раст“, порача Игор Парапид по повод неговото именување.