
„Лидл“ – Германија најави дека работи на нов експрес формат што ќе ги комбинира традиционалниот концепт на продавница и онлајн нарачувањето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл" – Германија најави дека работи на нов експрес формат што ќе ги комбинира традиционалниот концепт на продавница и онлајн нарачувањето.
„Либенсмител цајтунг" известува дека форматот „Лидл експрес" ќе понуди брза нарачка за купувачите што нарачуваат производи онлајн.
Во продавниците ќе се продава помала палета на производи, со акцент на практичните производи. Веб-сервисот за поддршка на платформата моментално е во фаза на тестирање, пренесува „Либенсмител цајтунг".
Во октомври „Лидл" објави дека планира да воведе свежи и замрзнати производи во својата „кликни и земи" понуда, што би требало да се реализира до крајот на овој месец.