
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од септември, „Гемак Трејд“ започнува со дистрибуција на Johnnie Walker Red Soul, ново шкотско виски создадено за новата генерација љубители на виски.
Креиран од мастер-блендерката Ема Вокер и тимот на Johnnie Walker, Red Soul носи послатка, помека и посовремена интерпретација на шкотското виски. Во неговиот профил се издвојуваат богати ноти на ванила, тофи-карамела и нежен вкус на даб, со мазен и кремаст завршеток.
За разлика од Johnnie Walker Red Label, Red Soul нема изразени чадливи ноти, што го прави полесен и поразновиден за уживање и комбинирање.
Инспириран од пионерскиот дух на Johnnie Walker, Red Soul е создаден за модерни социјални моменти – од доцните попладневни часови до вечерните дружења со пријателите.
Пристигнувањето на Red Soul претставува уште едно продолжение на 35-годишното партнерство меѓу „Гемак Трејд“ и „Диажио“. „Гемак Трејд“ веќе три и пол децении е партнер и дистрибутер на премиум светски брендови од портфолиото на „Диажио“ на македонскиот пазар.
Johnnie Walker Red Soul – нова, послатка и помека страна на шкотското виски.