
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Luda Mara во изминатиот период изгради силна препознатливост и одличен прием кај потрошувачите. Проширувањето со пенливо вино претставува ново поглавје во развојот на линијата, но и одговор на зголемениот интерес на потрошувачите за свежи и разновидни вина што се вклопуваат во различни моменти и пригоди.
Истовремено, Luda Mara Sparkling ја одразува пошироката амбиција на „Тиквеш“, потпирајќи се на повеќе од еден век винарска традиција и над 1.000 меѓународни награди и признанија, да создава брендови и вина кои според квалитетот, идентитетот и дизајнот се на исто рамниште со останатите познати светски винарници.
„Со Luda Mara Sparkling внесуваме нова свежина во нашето портфолио и ја развиваме линијата Luda Mara во согласност со современите трендови и очекувањата на потрошувачите. Создадовме пенливо вино со автентична врска со Тиквешкото виногорје, но и со јасна меѓународна перспектива. Создадовме производ кој и според својот квалитет и според дизајнот може да застане рамо до рамо со најреномираните светски брендови“, велат од Винарската визба „Тиквеш“.
Свеж и хармоничен вински израз за различни пригоди
Luda Mara Sparkling е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај, со фино и долготрајно перлење. Во мирисот се препознаваат нежни цветни и цитрусни ароми, надополнети со ноти на зелено јаболко и круша, додека вкусот е свеж, хармоничен и со чиста овошна завршница.
Новото пенливо вино е наменето за различни пригоди, од спонтани дружења и вечери, до прослави и одбележување на посебни моменти. Најдобро се служи разладено, на температура од 6 до 8 °C, а одлично се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, тестенини и овошни десерти.
Името Luda Mara потекнува од реката што протекува низ Кавадарци, во срцето на Тиквешкото виногорје. Оваа непосредна врска со местото на потекло останува важен дел од идентитетот на линијата, а со Sparkling добива нов, пожив и поинтернационален израз.
Luda Mara Sparkling веќе е пуштено во продажба и во почетниот период ќе биде достапно во ограничени количини.