
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл Унгарија“, како резултат на инвестиција вредна речиси 60 милијарди форинти (околу 154 милиони евра), отвори нов логистички центар во Кишкунфелеѓхаза.
Објектот со површина поголема од 83.000 квадратни метри е најголемиот магацин на компанијата во Унгарија досега, а во иднина ќе го поддржува снабдувањето на 70 продавници. Според плановите, од новиот центар секојдневно ќе се испорачуваат околу 4.500 палети стока.
Континуираниот проток на стока го обезбедуваат 194 рампи за товарење. Разладниот дел со површина од 24.000 квадратни метри користи еколошки прифатлив CO2 како средство за ладење, додека енергетски ефикасните решенија имаат важна улога во функционирањето на целиот објект.
На покривот е поставен систем од соларни панели со површина од околу 9.000 квадратни метри, отпадната топлина создадена во разладниот магацин се користи за подно греење, а околу центарот е уредена зелена површина за поддршка на биодиверзитетот од 10.000 квадратни метри.
„Нашата компанија повеќе од дваесет години ја развива својата логистичка мрежа за да обезбеди сигурна основа за снабдување на продавниците. Центарот во Кишкунфелеѓхаза претставува една од важните пресвртници во тој развој. Изградивме модерен објект со енергетска класа A+++, кој ги исполнува највисоките барања за одржливост и енергетска ефикасност, односно има речиси нулта потреба од енергија и е еколошки прифатлив, а истовремено е проектиран водејќи сметка за благосостојбата и удобноста на вработените. Овој објект долгорочно ќе го поддржува развојот и на компанијата и на регионот“, изјави Роберт Раконцаи, директор за продажба и развој на мрежата во „Лидл Унгарија“.
Инвестицијата досега овозможи отворање повеќе од 400 работни места во регионот, со што бројот на вработени во компанијата се зголеми на 10.500, а синџирот во блиска иднина планира да вработи уште околу 50 лица.
На вработените, покрај канцелариите и салите за состаноци, им е достапен и простор за вработени со површина од речиси 1.600 квадратни метри, кој опфаќа модерен простор за оброци, кујни, соблекувални и простории за одмор. За поквалитетно користење на времето за одмор придонесуваат удобниот мебел и можностите за заедничка разонода, меѓу кои и маса за фудбалче.
За да им го олесни доаѓањето на вработените на работа, компанијата воведе сопствени автобуски линии, додека за оние што доаѓаат со автомобил е обезбеден паркинг со повеќе од 300 места, како и паркинг за велосипеди и полначи за електрични возила.
Компанијата водела сметка и за возачите на товарни возила, за кои е уреден модерен климатизиран простор за чекање, каде што потребната администрација можат да ја завршат дигитално и онлајн. За време на чекањето на располагање им се и тушеви, можност за перење и оброци.
„Покрај најсовремената инфраструктура, најважната основа за успехот на инвестиција од ваков обем се нашите колеги. Речиси 5.800 пријави што ги добивме на огласот за вработување, објавен во јули 2025 година, потврдуваат колкава е потребата за стабилни можности за вработување во регионот. Токму затоа посебно внимание посветуваме на тоа на вработените да им обезбедиме стабилност, правични плати, еднакви можности и реални можности за развој на кариерата“, додаде Доротја Такач, директорка за човечки ресурси во „Лидл Унгарија“.