
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Ледо“ соопшти дека инвестирал пет милиони евра во набавка на 47 нови доставни возила, со што модернизирал речиси 30% од својата дистрибутивна флота.
Новите возила веќе се вклучени во редовното работење, а со инвестицијата компанијата дополнително ја зајакнува сопствената логистичка мрежа, која снабдува околу 16.000 продажни места низ Хрватска.
Возилата се приспособени за дистрибуција на замрзнати производи и се опремени со системи за ладење што ги одржуваат потребните температурни услови во текот на дистрибуцијата, како и со GPS-следење, системи за далечинско следење на температурата во коморите и технологија за оптимизација на рутите.
„Ефикасната и сигурна дистрибуција е клучна за на нашите купувачи и партнери да им го обезбедиме квалитетот што го очекуваат од Ledo. Со инвестирањето во модернизација на доставните возила дополнително ги зајакнуваме флексибилноста и ефикасноста на нашата логистичка мрежа и создаваме предуслови за продолжување на квалитетното снабдување на илјадници продажни места низ Хрватска, како и за иден раст и приспособување кон променливите потреби на пазарот“, изјави Дражен Шимек, директор за логистика во „Ледо плус“.
Модернизацијата на возниот парк ги опфатила и областите на безбедноста и енергетската ефикасност. Новите возила имаат поефикасни мотори и напредни системи за активна и пасивна безбедност, а според компанијата придонесуваат и за намалување на емисиите на CO₂.
„За нас, инвестирањето во дистрибутивната мрежа значи многу повеќе од инвестирање само во возила. Тоа е инвестиција во квалитетот на нашите производи, извонредноста на услугата и безбедноста на нашите вработени, кои секојдневно се грижат производите да стигнат до купувачите навреме и во соодветни услови“, додаде Шимек.