
Нето-продажбата на финскиот „Кеско“ во третиот квартал порасна за 5,2 отсто, на 3,4 милијарди евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кеско“ пријави раст на нето-продажбата во третиот квартал од 5,2 отсто, на 3,4 милијарди евра, додека во првите девет месеци нето-продажбата порасна за 6,0 отсто, на 9,8 милијарди евра.
Споредливата оперативна добивка во кварталот изнесуваше 231,4 милиони евра, што е зголемување од 23,3 милиони евра во однос на истиот период лани. Од почетокот на годината споредливата оперативна добивка достигна 527,5 милиони евра, што е зголемување од 47,1 милион евра.
Паричниот тек од оперативните активности достигна 331,4 милиони евра во третиот квартал и 771,3 милиони евра во првите девет месеци.
Споредливата заработувачка по акција во кварталот изнесуваше 0,40 евра, а пријавената 0,41 евро. Од почетокот на годината споредливата заработувачка по акција изнесуваше 0,87 евра, а пријавената 0,86 евра.
Компанијата соопшти и дека ги добила сите потребни регулаторни одобренија за преземање на работењето на компанијата „Дал“ во Шведска, Норвешка и Данска. Завршувањето на трансакцијата се очекува на 2 ноември 2026 година. Тоа е најголемата аквизиција во историјата на „Кеско“.
Компанијата сега проценува дека споредливата оперативна добивка за 2026 година ќе изнесува меѓу 690 и 730 милиони евра, наспроти претходната прогноза од 670 до 730 милиони евра.
Фото: „Кеско“