
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карфур“ и „Тренди Фудс“ го лансираат Shopeez, нов трговски бренд во Белгија наменет за независни convenience продавници.
„Со Shopeez влегуваме на нов пазар на кој независните трговци можат да се потпрат на силата на нашиот бренд. Тоа е добро за нивното работење, а идеално за жителите кои бараат квалитет во својата непосредна близина“, изјави Жофроа Жерсдорф, извршен директор на „Карфур Белгија“.
„Тренди Фудс“ веќе со години секојдневно ги снабдува белгиските convenience продавници. „Со Shopeez сега го ставаме тоа логистичко искуство во функција на концепт кој навистина одговара на потребите на малите трговци“, додаде Франсис Плунус, извршен директор на „Тренди Фудс“.
Сопствениците на продавници за прехранбени производи, продавници што работат 24/7 и бензински станици сега преку Shopeez можат на своите полици да ги понудат познатите приватни трговски марки на Carrefour, притоа задржувајќи целосна деловна слобода и независност.
„Тренди Фудс“ го уредува продажниот простор, обезбедува практична логистика и нуди едноставен систем за нарачување приспособен на малите продавници со ограничен магацински простор.
Благодарение на искуството на „Тренди Фудс“ во convenience дистрибуцијата, трговците можат да нарачуваат поединечни производи наместо цели картони. На тој начин, партнерството одговара на специфичните потреби на малите трговци.
Првите десет продавници Shopeez веќе се отворени во рамките на пилот-проектот, а „Карфур“ и „Тренди Фудс“ имаат амбиција со текот на времето да развијат мрежа од 100 продавници.