
Индија почна да применува ефективна давачка од 162,5% на увозот на шкотско виски во рефус, што е повеќе од стапката од 150% пред трговскиот договор со Обединетото Кралство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Среде сè поголемиот спор околу трговскиот договор меѓу Индија и Обединетото Кралство, Индија почна да применува ефективна давачка од 162,5% на увозот на шкотско виски во рефус, што предизвика загриженост кај производителите на алкохолни пијалаци, бидејќи оптоварувањето сега е поголемо од претходната стапка од 150%, која важеше пред стапувањето во сила на договорот за слободна трговија, пренесува ESM Magazine.
Трговскиот договор меѓу Индија и Обединетото Кралство, кој почна да се применува во јули, ги преполови царините на шкотското виски на 75%, а британските власти и компании го претставија како голем успех за производителите како „Перно Рикар“ и „Дијаџио“, кои увезуваат шкотско виски во рефус и го користат за производство на производи наменети за индискиот пазар на алкохолни пијалаци вреден околу 65 милијарди долари (околу 59,3 милијарди евра).
Меѓутоа, во првиот поголем спор поврзан со овој договор, индиските истражни органи тврдат дека компаниите користат погрешни царински категории при увозот на концентрати од шкотско виски што се користат како суровина за производство на бленд виски.
Според нивното толкување, од мај оваа година таквиот увоз треба да биде класифициран во новата царинска категорија на таканаречени „сложени алкохолни препарати“, за кои важи царина од 150%.
На тој износ дополнително се пресметува данок на потрошувачка, со што вкупното даночно оптоварување достигнува 162,5%, се наведува во документацијата што ја прегледа агенцијата „Ројтерс“.
Како што спорот се продолжува, повеќе илјади литри шкотско виски во рефус, сместени во повеќе од 80 контејнери на компаниите „Перно Рикар“, „Дијаџио“ и „Бакарди“, останаа задржани во пристаништата.
Според привремениот режим на ослободување на стоката во текот на истрагата, компаниите мора однапред да платат царина од 75% од вредноста на стоката, додека остатокот се гарантира со банкарски гаранции.
Компаниите „Перно Рикар“, сопственик на британската компанија „Шивас брадерс“, и „Дијаџио“, како и бројни други компании во Индија, сметаат дека и флашираното и шкотското виски во рефус треба да се оданочуваат по стапка од 75%, во согласност со трговскиот договор.
Британската влада во повеќе наврати соопшти дека со индиските власти работи на решавање на проблемот, додека и индиската страна наведе дека очекува брзо решавање на спорот.
„Министрите итно соработуваат со Владата на Индија за да се реши ова прашање и да им се овозможи на британските компании да извезуваат стока по тарифите договорени со трговскиот договор“, изјави портпарол на британската влада, коментирајќи ја давачката од 162,5%.
Индија е најголемиот пазар на „Перно Рикар“ според обемот на продажба, додека „Перно Рикар“ и „Дијаџио“ заедно доминираат на пазарот на жестоки алкохолни пијалаци во земјата.
Според податоците од индустријата, околу 80% од вкупниот увоз на шкотско виски од Велика Британија во Индија по обем доаѓа во рефус, додека Индија е најголемиот светски пазар за шкотско виски според количината на потрошувачка.
Фото: Freepik