
„Центросинергија“, дел од „Мој киоск груп“, се определи за електрични доставни возила од брендот Farizon.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Центросинергија“, дистрибутивно-логистичка компанија и дел од „Мој киоск груп“, се определи за електрични доставни возила од брендот Farizon.
Оваа одлука се заснова на досегашното искуство во секојдневната работа, во која возилата се покажаа како практично, економично и сигурно решение за потребите на дистрибуцијата. Покрај намалувањето на влијанието на транспортот врз животната средина, важни причини за нивниот повторен избор се удобноста и безбедноста на возачите, поедноставното одржување и пониските оперативни трошоци за испорака на стоката.
Електрификацијата на возниот парк е дел од поширокиот процес на модернизација на дистрибутивните операции на „Центросинергија“. Компанијата во јули 2026 година објави набавка на 32 електрични доставни возила Farizon, со што е планирано нејзината електрична флота да достигне вкупно 33 возила. Новата набавка претставува дополнителен чекор во примената на електричниот погон и потврдува дека одлуките за понатамошниот развој на возниот парк се носат врз основа на искуството од практиката.
Воведувањето на електричните возила беше претходено од проверка на нивните можности на предизвикувачки дистрибутивни рути. Едно од првите искуства е поврзано со линијата од дистрибутивниот центар во Макиш кон Вршац, чија просечна дневна километража изнесува околу 233 километри. Во одделни денови километражата на оваа релација надминува и 280 километри, што оваа рута ја прави добар показател за способноста на возилата да одговорат на барањата на секојдневната дистрибуција. На таква релација особено се важни сигурноста на возилата, планирањето на полнењето и можноста сите испораки да се извршат навреме. Тестирањето во реални услови ја овозможи на компанијата да процени колку електричниот погон одговара на нејзините потреби, наместо одлуката да ја носи само врз основа на каталошките податоци.
Досегашното искуство укажа и на значајни можности за заштеда. Трошоците за електрична енергија се пониски во однос на трошоците за класичните погонски горива, додека поедноставната конструкција на електричните возила подразбира помалку редовни сервисни интервенции. За дистрибутивна компанија тоа не значи само пониски трошоци за транспорт, туку и полесно планирање на работата и помалку време во кое возилото е надвор од употреба. Остварените заштеди зависат од должината на рутите, условите на возење и временските услови, односно надворешната температура.
Покрај економските предности, возилата Farizon обезбедуваат висок степен на удобност, функционалност и безбедност. Опремени се со бројни системи за активна и пасивна безбедност, кои придонесуваат за заштита на возачите и на другите учесници во сообраќајот. Тоа е особено важно за вработените што голем дел од работниот ден го поминуваат на терен. Бројните функции ја олеснуваат секојдневната работа, додека поедноставното одржување придонесува за подобра организација на работата. Според искуството на „Центросинергија“, возилата во просек одат на сервис еднаш годишно, при што зачестеноста зависи од интензитетот на користење и од должината на дистрибутивните рути.
Farizon е бренд на електрични комерцијални возила на групацијата „Џили“, додека за неговото присуство на пазарот во Србија е задолжена „Делта ауто груп“.
Воведувањето електрични возила бара внимателно планирање на транспортот и усогласување на должината на рутите, времето на полнење и секојдневните потреби на дистрибутивната мрежа. Истовремено, електричниот погон за време на возењето не произведува издувни гасови и придонесува за намалување на бучавата, особено во населените средини. Затоа вложувањето во вакви возила се вклопува во настојувањето на „Центросинергија“ работењето да го направи поефикасно и поодговорно кон околината.
Новата набавка на возила Farizon е конкретен чекор во електрификацијата на возниот парк на „Центросинергија“. Потпирајќи се на искуствата од секојдневната работа, компанијата развива дистрибутивен систем со фокус на сигурноста на испораките, подобрите услови и поголемата безбедност на возачите, како и постепено воведување поодржливи решенија во секојдневното работење.
Фото: „Центросинергија“