
„Томи група“ ја започна иницијалната јавна понуда на акции (IPO), а запишувањето е отворено до 4 декември 2026 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Томи група“ ја започна иницијалната јавна понуда на акции (IPO), со која на вработените, на членовите на програмата за лојалност и на малите и квалификуваните инвеститори им овозможува учество во сопственоста на еден од најголемите прехранбено-трговски системи во Хрватска. Запишувањето акции е отворено до 4 декември 2026 година.
Во рамките на јавната понуда се понудени вкупно 2.150.000 акции, со индикативен ценовен опсег од 83 до 93 евра по акција.
Минималниот износ на вложување за малите инвеститори изнесува 500 евра.
Акциите може да се запишат во филијалите на „Загребачка банка“ и на FINA, во просториите на „Интеркапитал“ и во филијалите на HITA. Запишувањето е достапно и преку дигиталните канали mZABA, MyCapital, E-RIZNICA, M-RIZNICA и HITA eTrade.
Посебни поволности се предвидени за вработените во „Томи група“ и за членовите на програмата за лојалност Tommy.
Членовите на програмата за лојалност можат да остварат поволност во висина од 1% од вредноста на купените акции во Tommy бодови, до максимум 300 евра, доколку ги исполнуваат условите на јавната понуда.
„Томи група“ преку јавната понуда планира да собере меѓу 180 и 200 милиони евра, а средствата има намера да ги вложи во понатамошниот развој на работењето, ширењето на малопродажната мрежа и зголемувањето на производните капацитети.
Почетокот на тргувањето со акциите на Загрепската берза се очекува на 9 декември 2026 година.
Фото: „Томи“