
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дисконтниот трговски синџир „Хофер“ во 2025 година работел профитабилно на словенечкиот пазар. Со приходи од продажба од 702 милиони евра, компанијата успеала загубата од речиси 15 милиони евра од претходната година да ја претвори во нето-добивка од 6,6 милиони евра, пренесува STA.
По нето-загубата од речиси 15 милиони евра во 2024 година, „Хофер“ ја завршил 2025 година со нето-добивка од 6,6 милиони евра.
Според висината на приходите, „Хофер“ е трет најголем трговски синџир во Словенија, зад „Шпар“ и „Меркатор“. На крајот од 2025 година управувал со 93 продавници, ист број како и една година претходно.
Компанијата вработувала околу 2.021 работник, што е за 25 помалку во споредба со претходната година.
Кога станува збор за другите играчи на словенечкиот пазар, „Шпар“ во 2025 година пријавил приходи од 1,261 милијарда евра, што претставува раст од 7,4% во однос на претходната година.
„Меркатор“, пак, ја завршил годината со нето-добивка од 12,8 милиони евра, со што за првпат од 2011 година повторно работел профитабилно.
„Еуроспин“ забележал раст на приходите од 9% во споредба со 2024 година, остварувајќи нешто помалку од 324 милиони евра приходи од продажба.