
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Неодамна беше објавено дека „Хофер“ во Словенија го намалува бројот на производителски брендови во корист на приватните трговски марки, чиј удел, со повеќе од 95%, е највисок меѓу сите пазари на кои работи „Алди Зид“. Во разговор за INSTORE, од „Хофер“ истакнуваат дека продажбата на производи отсекогаш била клучен дел од работењето на компанијата.
„Тоа важи како за „Хофер“ во Словенија, така и во Австрија, бидејќи и двете компании се дел од групацијата „Алди Зид“. Тоа значи дека следиме одредени заеднички насоки, но понудата на производи за словенечкиот пазар се подготвува локално и посебно се приспособува на желбите и потребите на словенечките потрошувачи“, истакнуваат од синџирот.
Како што објаснуваат од компанијата, производите од приватните трговски марки во продавниците во Словенија сочинуваат повеќе од 95% од редовната понуда на синџирот, што е стратегија која компанијата не ја менува.
Сепак, како што истакнуваат од „Хофер“, во текот на изминатата година компанијата ја оптимизирала својата редовна понуда, пред сè затоа што во производството на приватните трговски марки е вклучена во целиот процес – од изборот на сигурни снабдувачи, квалитетни состојки и креирањето рецептури, до континуирани проверки на квалитетот во сите фази од развојот на производите.
Како што додаваат, кај овие производи синџирот постојано има контрола врз трошоците и квалитетот, кој често ги надминува дури и законските барања или утврдените стандарди.
„Нашата цел е на купувачите да им нудиме производи со висок квалитет по најдобрата Hofer цена, а токму производите од приватните трговски марки се гаранција за тоа“, додаваат од компанијата.
Во текот на изминатата година, дисконтниот синџир се оддалечил од акциските понуди и наместо тоа на купувачите им нуди акциски ниски редовни цени. Станува збор за цени кои им се достапни на сите купувачи во секое време и без дополнителни услови, како што се вклучување во програми за лојалност, активирање апликации и попусти, собирање налепници или купување на точно определен ден.
„Овие ниски редовни цени можеме да ги постигнеме само ако нашата понуда е внимателно осмислена, поради што ја оптимизиравме и во неа ги вклучивме производите за кои постои најголема побарувачка. И покрај тоа, во продавниците на „Хофер“ и понатаму нудиме ограничен избор на производи од етаблирани брендови. Континуирано проценуваме кои производи треба да бидат вклучени во понудата, редовна или специјална, и на тој начин одговараме на потребите на купувачите“, истакнуваат од „Хофер“.
На прашањето за послабата снабденост на одредени сегменти во словенечките продавници, на која укажале потрошувачите, од синџирот наведуваат дека во последно време ги унапредиле и дигитализирале системите во набавката, логистиката и продажбата, како и дека го промениле распоредот на производите во продавниците, поради што во меѓувреме можело да дојде до послаба снабденост.
Како што истакнуваат, по бројните истовремени промени ситуацијата се стабилизирала, залихите во продавниците се достапни, а на купувачите им се нудат квалитетни производи по ниската редовна Hofer цена.
„Во „Хофер“ и во иднина ќе настојуваме нашиот продажен простор да овозможува пријатно искуство при купувањето и да нуди што поинтересен и внимателно избран асортиман на квалитетни производи по најдобрата Hofer цена“, заклучуваат од компанијата.