
Американците годишно фрлаат околу 36 милијарди тони храна, покажува истражувањето објавено во научното списание „Плос уан“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Американците годишно фрлаат околу 36 милијарди тони храна, покажува истражувањето објавено во научното списание „Плос уан".
Како што пренесуваат медиумите, тоа што најмногу ги зачуди истражувачите од Универзитетот „Охајо стејт" е дека половина од испитаниците воопшто не сфаќаат колкав проблем е фрлањето храна.
Поголемиот дел од учесниците во истражувањето сметаат дека фрлањето на приозводите, кои се сметаат за распиливи неколку дена пред истекот на рокот, е корисно, поради тоа што го намалува ризикот од зарази. Резултатите покажуваат дека 68 отсто од испитаниците веруваат дека токму тоа ја прави разликата меѓу зачувувањето на здравјето и болестите. Околу 77 отсто признаваат дека чувствуваат вина при фрлањето храна, но не покажуваат свест дека кога пазарат, знаат да претераат. Нешто помалку од половината, воопшто не сфаќаат дека фрлањето храна е всушност фрлање пари, а поголемиот дел сметаат дека е неизбежно да фрлат нешто, ако сакаат да се хранат вкусно и здраво.
Голема збунетост во САД предизвикува и начинот на означување на рокот на траење. Постојат две категории – „да се продава до" (одреден датум) и „најдобро да се употреби до" (одреден датум). Втората категорија го означува периодот во кој храната веројатно ќе има најдобар вкус, а голем број потрошувачи ја фрлаат храната по тој рок, верувајќи дека е опасна по здравјето.
Дополнителна заблуда внесуваат и локалните правила на различни американски држави. Имајќи го сето ова предвид, тешко е дека САД ќе ја остварат целта што ја зацрта владата – намалување на отпадот од храна за 50 отсто до 2030 година.