
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Џамбо“ (Jumbo) воведува специјални рачни скенери за деца во своите супермаркети во Холандија, овозможувајќи им на најмладите преку игра да ги истражуваат продавниците, додека нивните родители полесно го извршуваат купувањето.
Додека возрасните ги набавуваат потребните производи, децата можат да учествуваат во игра во која бараат вкусни и здрави состојки за подготовка на јадења како супа, салата или пица.
Играта е специјално осмислена за деца на возраст од три до осум години кои доаѓаат на купување со своите родители.
Детскиот рачен скенер им овозможува на најмладите да имаат активна улога за време на посетата на супермаркетот. Како што објаснуваат од компанијата, фокусот не е на купувањето производи, туку на поттикнувањето на љубопитноста, истражувањето и препознавањето на различни прехранбени производи.
Од „Џамбо“ нагласуваат дека намерно одлучиле играта да биде едноставна и достапна за сите.
Децата не мора да се регистрираат, не се зачувуваат никакви лични податоци, а нема ниту ранг-листи, резултати или победници.
На овој начин, вниманието останува насочено кон заедничкото искуство, истражувањето и забавата.
Децата можат да земат скенер и без кошничка за купување, а браќата и сестрите можат да користат сопствени скенери.
За да се обезбеди доволен број рачни скенери за редовното купување, во секоја продавница истовремено можат да бидат активни најмногу пет детски скенери.
До крајот на првиот квартал од 2027 година скенери во сите продавници
Првите детски рачни скенери беа пуштени во употреба во продавниците на „Џамбо“ на локациите Синт Јорисплејн и Ројсехајде во Шајндел, како и во продавницата во Бакел.
Во моментов, скенерите се достапни во приближно 100 продавници во Холандија и Белгија, а во текот на ноември се очекува нивниот број да се зголеми на околу 300.
Според плановите на компанијата, до крајот на првиот квартал од 2027 година сите продавници на „Џамбо“ во Холандија и Белгија треба да бидат опремени со детски рачни скенери.
Според достапните информации, „Џамбо“ е првиот трговски синџир во светот што користи рачен скенер на ваков начин.
„За многу родители, купувањето со мали деца може да биде вистински предизвик. Со детскиот рачен скенер го правиме купувањето позабавно и за децата и за нивните родители. Го претвораме во вистинска мала прослава“, изјави Флер ван дер Пајл, одговорна за воведувањето на овој концепт во компанијата „Џамбо“.
Таа посочи дека децата добиваат интересна и едукативна активност, додека родителите можат поспокојно да го завршат купувањето.
„Тоа е нешто од кое корист има целото семејство, што совршено се вклопува во нашиот идентитет како семејна компанија“, додаде Ван дер Пајл