
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Џамбо Супермарктен“ објави силни резултати во првата половина од 2026 година, со раст на прометот од 4% во однос на истиот период минатата година, на шест милијарди евра.
Бројот на купувачи на неделно ниво се зголемил за 3,4%, а пораснало и нивното задоволство. Jumbo NPS (Net Promoter Score), показател за задоволството на купувачите, се зголемил за 2,3 поени, на 40,7, во споредба со истиот период минатата година.
Пазарниот удел на синџирот во првото полугодие изнесувал 20% и покажува позитивен пресврт на трендот, бидејќи во последните месеци се задржува над 20%.
Од компанијата наведуваат дека значаен придонес за поголемото задоволство на купувачите имаат континуираните инвестиции на синџирот во модерни продавници и атрактивен асортиман кој добро одговара на актуелните потреби на купувачите.
Во првата половина од годината биле отворени десет нови продавници, додека околу 90 постојни објекти биле реновирани и модернизирани, со уште поголем фокус на свежите производи, практичноста и прегледниот асортиман.
Синџирот продолжил со раст и во Белгија. Приходите во земјата се зголемиле за 28% во однос на истиот период минатата година. На крајот од првото полугодие во Белгија работеле 47 продавници на Jumbo, а на крајот од август била отворена и 48. продавница, во Мортсел. Пазарниот удел исто така растел и во текот на одредени недели за првпат надминал 2%.
„Низ Холандија и Белгија, каде и да разговарам со колегите и претприемачите, забележувам дека во „Џамбо“ повторно се врати позитивната енергија и довербата во иднината. Токму тоа го имавме предвид со нашата унапредена стратегија – иднина во која позитивноста, топлината, храброста и квалитетот ќе бидат уште повидливи за колегите, купувачите и снабдувачите. Иако оваа стратегија ја претставивме пред само половина година, веќе ги гледаме првите резултати. За тоа пред сè се заслужни сите наши фантастични колеги и претприемачи, кои секојдневно се трудат да предизвикаат насмевка на лицата на нашите купувачи“, изјави Јеспер Хојер, извршен директор на „Џамбо Супермарктен“.