
„Била“ ги прилагодува продавниците во Словачка со нов распоред на полиците и до 10 отсто поголема понуда, за полесно пазарување и работа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Била“ ги прилагодува своите продавници во Словачка за уште подобро да одговори на потребите на купувачите, но и да им ја олесни работата на вработените.
Промените во првата фаза ќе опфатат осум веќе реновирани продавници и уште десет објекти што моментално се во процес на модернизација (во Шаморин, Бановце над Бебравоу, Дунајска Стреда, Хуменне, Братислава, Комарно, Левице, Чадца, Кисуцко Ново Место и Кошице). Потоа новиот дизајн постепено ќе се воведува и во останатите продавници.
Како што истакнуваат од синџирот, при планирањето на промените се воделе според начинот на кој луѓето пазаруваат, производите за кои постои најголема побарувачка, како и категориите што бараат најмногу физички напор од вработените. Благодарение на подоброто искористување на просторот, понудата во одделни продавници ќе се зголеми и до 10 отсто.
Поврзаните категории производи ќе бидат сместени поблиску една до друга, а се менува и распоредот на патеките. Досегашната поставеност со таканаречени категориски острови ќе биде заменета со прави патеки. Целта, објаснуваат од компанијата, е купувачите полесно да се снаоѓаат во продавницата и сами да ја избираат патеката на движење.
„Купувачите сакаат лесно да ги пронајдат своите омилени производи, додека за нашите колешки и колеги е важно дополнувањето на стоката да биде што поедноставно. Се трудевме да ги споиме тие потреби и да го прилагодиме просторот за пазарувањето и работата во продавницата да бидат уште попријатни“, објасни Филип Пекарик, менаџер за формати во компанијата „Била“.
Производите што често се купуваат ќе бидат изложени во поголема ширина на полиците, еден до друг. На тој начин ќе се намали потребата од често дополнување на стоката, а производите ќе им бидат подостапни на купувачите.
Во избрани продавници ќе бидат поставени нови регали на три нивоа за овошје и зеленчук, како и регали на четири нивоа за пекарски производи. Асортиманот ќе биде организиран така што полесно ќе можат да му пристапат и лицата со понизок раст.
Новиот распоред ќе овозможи и пофлексибилно прилагодување на асортиманот – во одделни продавници ќе бидат воведени модуларни пултови за месо, кај кои понудата и начинот на продажба ќе можат лесно да се менуваат, а услужниот пулт ќе може лесно да се претвори во самоуслужен.
„Дури и две продавници во ист град можат да имаат различни потреби. Затоа ја анализираме продажбата и локалната побарувачка, а потоа ги прилагодуваме понудата и просторот што го добиваат одделни категории. Сакаме купувачите во својата продавница да најдат повеќе од она што навистина им треба“, додаде Пекарик.
Целта на промените, како што истакнуваат, е и да се олесни работата на вработените. На пример, водата и флашираните пијалаци по реновирањето ќе бидат сместени што поблиску до влезот за допремување стока во магацинскиот дел од објектот. Така вработените нема да мора да пренесуваат тешки производи на големи растојанија при дополнувањето на полиците. Во одделни продавници се менува и позицијата на алкохолните пијалаци, кои ќе бидат преместени во близина на касите. Тоа ќе им овозможи на вработените подобар преглед над овој асортиман, особено во контекст на заштитата на малолетните лица.
Фото: „Била“