
Британскиот синџир „Асда“ разгледува можни преземања, а меѓу потенцијалните цели се „Би енд Ем“, „Д Рејнџ“ и „Хоум Баргејнс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Британскиот трговски синџир „Асда“ разгледува можности за нови аквизиции, а меѓу компаниите што според изворите се сметаат за потенцијално компатибилни се „Би енд Ем“, „Д Рејнџ“ и „Хоум Баргејнс“, пренесува Grocery Gazette.
Извори блиски до компанијата наведуваат дека не е исклучена ниту можноста за спојување со друг голем супермаркет, иако во моментов поверојатно се смета преземање на компанија надвор од секторот за прехранбена малопродажба.
Разговорите се сè уште во рана фаза, а евентуална голема аквизиција би можела да се реализира дури за неколку години, додека „Асда“ работи на зајакнување на својата финансиска позиција.
Овие активности следат по именувањето на Дејвид Потс, поранешен извршен директор на „Морисонс“, за нов извршен директор на „Асда“ почетокот на овој месец. Компанијата се стреми да ги врати купувачите и да го запре повеќегодишниот пад на пазарниот удел.
Потс ја презеде функцијата на 3 ноември, заменувајќи го Алан Лејтон, кој премина на позицијата неизвршен претседател на компанијата.
Новиот директор има задача да ги подобри резултатите на компанијата по предизвикувачкиот период под сопственост на приватни инвестициски фондови. Потс осум години го водеше „Морисонс“, а претходно речиси четири децении помина во „Теско“.
Можните аквизиции доаѓаат во момент кога во британската малопродажна индустрија повторно се шпекулира за големи консолидации.
Минатиот месец беше објавено дека „Сејнсбрис“ и „Морисонс“ воделе разговори за повеќемилијардско спојување со кое би се создала трговска група со речиси четвртина од британскиот пазар на прехранбена малопродажба. Иако тие преговори завршија порано оваа година, можноста за иден договор не е отфрлена.
„Асда“ исто така би можела да биде заинтересирана за преземање на одделни продавници што би морале да се продадат доколку дојде до спојување на „Сејнсбрис“ и „Морисонс“.
Секое големо спојување на супермаркети би било под лупа на британската Агенција за конкуренција и пазари (Competition and Markets Authority – CMA), која во 2019 година ја блокираше понудата на „Сејнсбрис“ за преземање на „Асда“, вредна 7,3 милијарди фунти, поради загриженост дека трансакцијата би довела до повисоки цени и помалку конкуренција. Меѓутоа, оттогаш пазарот значително се промени со силниот раст на дисконтерите „Алди“ и „Лидл“.
Интересот на „Асда“ за аквизиции доаѓа и покрај сопствените деловни предизвици. Според најновите податоци на Worldpanel, „Асда“ беше единствениот голем британски трговски синџир што забележа пад на продажбата, од 0,5% во периодот од 12 недели заклучно со 1 ноември. Истовремено, пазарниот удел на компанијата се намали од 11,6% на 11,3%, што укажува дека закрепнувањето на работењето и понатаму наидува на пречки.
Фото: „Асда“