
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле Велика Британија“ ја унапреди ефикасноста на производството на кафе преку претворање на нуспроизводите што настануваат при производството на Nescafé во одржлив извор на енергија, со што истовремено ги намалува количеството отпад и оперативните трошоци во својата фабрика во Татбери.
Компанијата од 2015 година ги рециклира искористените зрна кафе што остануваат во производствениот процес и ги користи како биомаса за производство на пареа потребна во производството. По употребата, остатоците од кафе се пресуваат за да се отстрани влагата, а потоа се користат како гориво во котел на биомаса кој произведува пареа за потребите на фабриката.
Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на „Нестле“ насочена кон постигнување нето-нула емисии на стакленички гасови најдоцна до 2050 година, како и кон намалување на отпадот од работењето.
Во текот на 2024 година котелот на биомаса обезбедил 37% од вкупното количество пареа потребно за работењето на фабриката во Татбери. Благодарение на унапредувањето на процесот, овој удел во 2025 година се зголемил на 47%, што овозможило дури 97,7% од искористените зрна кафе да бидат употребени како гориво.
Како резултат на тоа, количеството неискористен отпад од кафе што се транспортира надвор од фабриката е намалено за 94% во споредба со 2024 година, додека поврзаните емисии на стакленички гасови меѓу 2024 и 2025 година се намалени за 12,9%.
Од компанијата истакнуваат дека проектот донел и еколошки и финансиски придобивки, благодарение на пониските трошоци за управување со отпадот и помалата потрошувачка на природен гас во конвенционалните котли.
Успехот на проектот го поттикнал „Нестле Велика Британија“ да ја разгледа можноста за користење и други нуспроизводи од производството, како лушпите од какао од други фабрики на „Нестле“, со цел дополнително да го зголеми производството на пареа од обновливи извори на енергија.
„Работата во индустриските сервиси може да биде предизвикувачка во производствено опкружување. Ние директно не ги произведуваме производите што потрошувачите ги гледаат на полиците, туку нашата задача е да го поддржиме производствениот процес на најефикасен и еколошки најодговорен начин. Во погон со големина како фабриката во Татбери, дури и малите подобрувања можат да донесат значајни резултати во потрошувачката на енергија, намалувањето на отпадот и емисиите. Токму затоа ваквите проекти се толку вредни. И понатаму имаме многу можности за унапредување, но резултатите што ги постигнавме покажуваат што е можно кога целата фабрика работи кон заедничка цел. Нашите колеги навистина ги прифатија овие проекти, а успехот што го постигнавме во текот на 2025 година дополнително ги мотивира тимовите да продолжат со нови подобрувања“, изјави Мајк Пар, менаџер за индустриски сервиси во фабриката на „Нестле“ во Татбери.