
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор“ ја заврши 2025 година со нето-добивка од 12,8 милиони евра, со што за првпат од 2011 година повторно работеше профитабилно, објави агенцијата STA.
Компанијата, која работи во рамките на „Фортенова група“, остварила приходи од продажба од 1,17 милијарда евра, што е за речиси 150 милиони евра помалку во споредба со претходната година. Од „Меркатор“ наведуваат дека падот на приходите делумно е последица на затворањето одредени продавници, вклучувајќи ги и продажните објекти за техничка стока.
И покрај пониските приходи, профитабилноста е значително подобрена. EBITDA е зголемена за 57,3% и достигнала 75,2 милиони евра.
По нето-загубата од 10,37 милиони евра во 2024 година, компанијата ја завршила 2025 година со нето-добивка од 12,8 милиони евра. Последен пат „Меркатор“ работел со добивка во 2011 година.
Во текот на 2025 година имало и значителни промени во капиталната структура на компанијата. Основниот капитал на „Меркатор“ е намален од приближно 224 милиони евра на крајот од 2024 година на 15,9 милиони евра на крајот од 2025 година.
Дел од намалувањето е резултат на покривањето на пренесените загуби, користењето на капиталните резерви и повлекувањето на сопствените акции, додека значителен дел е последица на издвојувањето на недвижностите од компанијата.
Недвижностите наменети за трговската дејност се пренесени на FNG Property SI, додека туристичките и недвижностите за одмор се пренесени на FNG Hospitality SI. Двете компании се во директна сопственост на „Фортенова група“.
Од есента 2025 година „Меркатор“ ги користи недвижностите потребни за вршење на трговската дејност преку модел на закуп.
Заедно со недвижностите, на „Фортенова група“ биле пренесени и одредени финансиски обврски, па нето-финансискиот долг на „Меркатор“ на крајот од 2025 година изнесувал 143 милиони евра, што е повеќе од двојно помалку во споредба со претходната година.
Работењето на „Меркатор“ во текот на 2025 година го одбележала и продажбата на две зависни компании.
„Меркатор-Емба“, производител на десертни преливи, е продаден на австриската групација „Аграна“, додека „М-Енергија“, која управува со мрежа од 21 бензинска станица, е продадена на компанијата „Сункар Рисорсис“ од Обединетите Арапски Емирати.
Од август 2026 година „Меркатор“ е фокусиран исклучиво на малопродажбата. Големопродажната дејност е издвоена во новата компанија „Меркатор Кеш & Кери“, која исто така е во директна сопственост на „Фортенова група“.
Сегментот на големопродажба во текот на 2025 година остварил околу 130 милиони евра приходи од продажба, што претставува пад од речиси 28% во однос на претходната година. Со издвојувањето на дејноста, во новата компанија преминале и 234 вработени.