
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Еуроспин“ отвори нова продавница во Бели Манастир, Хрватска, на адресата „Владимир Назор“ бр. 2, во рамките на трговскиот центар Baranja Shop Park.
Во новиот продажен објект, на потрошувачите им се достапни оддели за овошје и зеленчук, месо, леб и риба.
По повод отворањето, компанијата подготви специјални промотивни понуди кои важат до 17 ноември, а опфаќаат прехранбени производи и мали апарати за домаќинство.
„Им благодариме на сите што нè посетија и заедно со нас го одбележаа овој посебен ден! Се радуваме на сите идни средби и паметни купувања на новата локација“, порачаа од „Еуроспин“ преку социјалните мрежи.
Меѓу новоотворените продажни објекти во трговскиот центар, кој се простира на површина од 2.550 квадратни метри, се наоѓа и продавница на трговскиот синџир „ТЕДи“.
На продажна површина од околу 680 квадратни метри, „ТЕДи“ нуди производи за домаќинство, училиште и слободно време.
Со ова отворање, „ТЕДи“ ја прошири својата малопродажна мрежа на 109 продавници во Хрватска.