
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Зајечарско пиво почна со национална кампања „Да го отвориме заедно Народниот музеј“ во чии рамки, со купување на специјално издание на лименка од ова пиво, потрошувачите ќе придонесат за собирање средства потребни за завршување на реновирањето на Народниот музеј во Белград.
Зајечарско пиво почна со национална кампања „Да го отвориме заедно Народниот музеј" во чии рамки, со купување на специјално издание на лименка од ова пиво, потрошувачите ќе придонесат за собирање средства потребни за завршување на реновирањето на Народниот музеј во Белград.

Како бренд со долга традиција и наследство, Зајечарско пиво ќе донира по еден динар од секоја продадена дизејнирана лименка пиво. Кампањата трае од 1 февруари до 15 јуни 2018 година. Во текот на овој период лименките ќе го променат својот изглед и ќе ги красат визуали на четири уметнички дела од познати српски сликари.
Горди сме што Зајечарско пиво заедно со своите потрошувачи, ќе дадат важен придонес во завршувањето на реновирањето на Народниот музеј, институција со исклучително национално и културно значење. Му се радуваме на отворањето на Музејот по 15 години, така што ќе имаме можност да ја посетиме институцијата што ја чува нашата богата култура, истакна Јасмина Тријиц, сениор бренд-менаџер на Зајечарско пиво.
Во текот на наредните месеци ќе се организираат и многубројни промотивни и едукативни акции за собирање на средства, но и за дополнително запознавање на јавноста со значењето на четирите уметнички дела на познати српски сликари.