
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле“ одбележува 20 години присуство на македонскиот пазар, каде што денес е застапен со повеќе од 30 брендови и околу 350 производи, соопшти компанијата.
Од почетокот на работењето во Македонија, компанијата соработува со овластен локален дистрибутер, партнерство кое во изминатите две децении било основа за развојот и достапноста на производите на домашниот пазар.
Во портфолиото се вклучени брендови како NESCAFÉ и Nesquik, кондиторските производи KitKat, Smarties, After Eight и Lion, како и производите од категоријата за готвење Maggi и THOMY.
Компанијата во изминатиот период реализирала и повеќе активности насочени кон локалната заедница. Меѓу нив се донации на храна за Банката за храна на Македонија, поддршка за социјални претпријатија, како и донации на спортска опрема за училишта и градинки во Велес.
Дел од активностите на „Нестле“ во земјава е и партнерството меѓу Maggi и Ракометната федерација на Македонија, преку кое компанијата ја поддржува македонската ракометна репрезентација и спортот.
„Она што го прави овој јубилеј посебен се луѓето. Овде, во срцето на Скопје, нашиот мал, но моќен тим од професионалци работи секој ден за да се осигура дека омилените светски брендови пристигнуваат до семејствата и до сите граѓани. Не само што ги следиме трендовите и иновациите што ги воведува ‘Нестле’ како глобален лидер во индустријата, туку и внимателно ги слушаме преференциите на локалните потрошувачи, соодветно прилагодувајќи го нашето продажно портфолио“, изјави Богдан Новаковиќ, раководител на продажба во „Нестле Македонија“.
Според него, компанијата и во иднина ќе продолжи со активности за поддршка на локалната заедница, цивилното општество, спортот и одржливоста.
Од „Нестле“ посочуваат дека дел од нивните одржливи деловни практики се применуваат и во локалната канцеларија, каде што се врши селекција на отпад и се користат хибридни возила.
Директорот на пазарот за југоисточна Европа во „Нестле“, Џузепе Карела, оценува дека Македонија е еден од побрзорастечките пазари во регионот.
„Некои можеби ја гледаат Македонија како мал пазар, но ‘Нестле’ не ја гледа така. Всушност, македонскиот пазар е еден од најбрзорастечките во регионот на југоисточна Европа. Забележавме дека семејните ручеци и љубовта кон ракометот тука се негувани ритуали и вредности и токму во тој дух ги споивме жолто-црвените бои на нашиот бренд Maggi и македонското знаме“, изјави Карела.
По две децении присуство во Македонија, од компанијата најавуваат дека ќе продолжат со развој на своето портфолио, следење на потребите на потрошувачите и активности насочени кон локалната заедница.