
Триесет и една српска компанија доби неповратни грантови до 10.000 евра за проекти за декарбонизација, во рамките на програма вредна 300.000 евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Стопанската комора на Србија денеска беа потпишани договори со 31 компанија од Србија, добитници на грантови во рамките на програмата за поддршка „Grant Scheme – Декарбонизација на приватниот сектор во Србија“.
Компаниите добитници ги потпишаа договорите со Германската организација за меѓународна соработка (GIZ) и со агенцијата SEQUA, преку која ќе се спроведува грант-програмата.
Избраните компании остварија право на неповратна финансиска поддршка до 10.000 евра по компанија. Тие се обврзаа да обезбедат најмалку 50 отсто сопствено учество во финансирањето на проектите. Вкупниот износ на грант-средствата е 300.000 евра.
Поддржаните проекти ќе бидат реализирани во текот на 2027 година. Целта е да се намалат емисиите на штетни гасови, да се подобри енергетската ефикасност и ефикасноста на ресурсите и да се применат поодржливи деловни решенија. Програмата претставува поддршка за приватниот сектор во спроведувањето конкретни инвестиции и придонес кон зелената трансформација на српското стопанство.
Тања Линдел, проект-менаџерка, истакна дека за секое евро обезбедено од грант-програмата српското стопанство вложило уште две евра сопствени средства во реализацијата на проектите.
„Во рамките на проектите ќе бидат изградени десетина соларни електрани и батериски складишта, ќе бидат набавени седум електрични виљушкари што ќе ги заменат дизелските и гасните и ќе бидат поставени постројки за пречистување отпадни води. Ќе се намали и употребата на пластична амбалажа, а производните процеси ќе бидат подобрени за порационална потрошувачка на енергија и ресурси“, рече Линдел.
Заменик-претседателот на Стопанската комора на Србија, Михаило Весовиќ, изјави дека сите компании што добија грантови ја заслужиле оваа поддршка со својот ангажман и со подготовката на проектите.
„Одржливоста е она што стои зад зелената транзиција. Тоа значи дека компаниите мора да функционираат одржливо и долгорочно за да можат да опстанат на пазарот. Мора да бидат ефикасни, одговорни кон животната средина и кон своето опкружување, но и конкурентни, бидејќи тоа се очекува од нив, пред сè на нашиот најголем пазар – Европската Унија“, рече Весовиќ.
Томислав Кнежевиќ од GIZ оцени дека оваа програма е круна на активностите што таа организација ги започнала во областа на зелената транзиција на приватниот сектор.
Тој потсети дека Србија во април оваа година доби позитивна оцена за зелената транзиција во извештајот на ОЕЦД за малите и средните претпријатија.
„Стопанството мора да се грижи за зелената транзиција“, порача Кнежевиќ.
Фото: Бобан Ристиќ/СКС