
На почетокот од месецов, „Плодине“ го отвори преуредениот супермаркет во Цриквеница, на адреса „Которска“, бр. 9.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На почетокот од месецов, „Плодине" го отвори преуредениот супермаркет во Цриквеница, на адреса „Которска", бр. 9.

Вредноста на инвестицијата е 1,5 милиони евра.
Супермаркетот, кој располага со продажен простор од 1.700 квадратни метри, со распоредот на асортиманот и на одделите, на купувачите им нуди функционално и пријатно купување. Прехранбените производи сочинуваат 65 отсто од понудата во асортиманот, а акцентот е на свежите овошје и зеленчук, месарницата и на пекарницата, стои во соопшението на трговецот.
Приватната трговска марка Plodine ја сочинуваат повеќе од 700 квалитетни производи, со врвен квалитет и по најповолни цени, истакнуваат од компанијата.
За услугата во супермаркетот се грижи тим од 43 работници.