
„Атлантик група“ соопшти дека во првите девет месеци годинава оствари 506,2 милиони евра приход од продажба, што претставува пораст од 2,7% во споредба со истиот период минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" соопшти дека во првите девет месеци годинава оствари 506,2 милиони евра приход од продажба, што претставува пораст од 2,7% во споредба со истиот период минатата година.
Добивката пред каматата и данокот (ЕБИТ) изнесуваше 50,5 милиони евра и порасна за 0,7% во однос на првите девет месеци од 2013 година, додека нето-добивката по пресметката на каматата изнесуваше 27,9 милиони евра и претставува пораст од 8,2%.
Во првите девет месеци од 2014 година, „Атлантик група" забележа пораст на работењето, како и намалување на задолженоста и генерирање на стабилен паричен тек од оперативните активности. Иако се работи во тешки макро- и микроеконоски услови, компанијата го прошири дистрибутивното портфолио и иновациите во производното портфолио, изгради нов производен погон, како и фокусусираше на систематското управување со ризиците, истакна Зоран Станковиќ, потпретседател на Групата за финансии и информациски технологии, додавајќи дека до крајот на годината очекуваат успешно продолжување на оптимизацијата на трошоците, со остварување на зацртаните цели за профитабилност.
Како што наведуваат од компанијата, првите девет месеци од 2014 година ги обежа успешен почеток на дистрибуцијата на асортиманот на „Унилевер" (Knorr, Hellman’s, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif и др.) на пазарот на Хрватска и Словенија, како и изградбата на новата фабрика за енергетски плочки Multipower од асортиманот на спортска и активна прехрана во Индустрискиот парк во Нова Градишка. Во согласност со планираните и договорени термини, беше завршена изградбата на новиот погон со површина од 6.000 квадратни метри, опремен со комплетна инфраструктура, инсталации и хортикултурно уредување.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и „Атлантик група" потпишаа договор за кредитна линија во вредност од 10 милиони евра за вложување во изградба иопремување на оваа фабрика. Преостанатиот износ од 6 милиони евра, од вкупната вредност на инвестицијата од 16 милиони евра, беше финансиран од сопствени средства од компанијата, се наведува во соопштението.
За вкупниот пораст на приходите од продажба на „Атлантик група" во првите девет месеци годинава најмногу придонесоа стратешкото деловно подрачје Деликатесни намази со пораст од 3,3%, стратешкото деловно подрачје Спортска и активна храна со 1,2% пораст, стратешкото дистрибутивно подрачје Меѓународни пазари со пораст од 4,2%, како и почетокот на дистрибуцијата на производи од „Унилевер" во стратешкото дистрибутивно подрачје Хрватска и дистрибутивното подрачје Словенија. Кафето со 19,4% удел во вкупните приходи од продажба се истакнува како најголема категорија со остварен приход од 98 милиона евра.
Анализирано по пазари, најголем пораст е остварен во Словенија (19,8%), што сочинува 15,2% од вкупните приходи од продажба. Хрватскиот пазар е најголемиот, со вкупен приход од продажба од 25,7% и пораст од 6,4%. Пазарите на Русија и останатите ЗНД-земји остварија пораст од 6,2%, а сочинуваат 5,9% од вкупните приходи на продажба.
Сопствените трговски марки на „Атлантик група" сочинуваат 67,8% од продажбата, дистрибуцијата на производите од принципалите 18%, аптекарскиот синџир „Фармација" со 6,1%, додека производите што „Атлантик група" ги произведува како приватни трговски марки за големите трговци во земјата и во странство, во вкупниот приход од продажба учествуваат со 8%, соопшти компанијата.