
„Подравка“-Словенија, која е во сопствеништво на истоимениот хрватски производител именуваше нов директор.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

„Подравка"-Словенија, која е во сопствеништво на истоимениот хрватски производител именуваше нов директор.
Наместо Мирослав Витковиќ, функцијата му припадна на Милан Тадиќ, кој минатата година, од страна на управата на „Подравка" беше именуван за директор на пазарот за југоисточна Европа.
Воедно, компанијата овие денови ја спроведува докапитализацијата преку која планира да собере околу 66 милиони евра издавајќи 1,7 милиони нови акции. Собраните средства ќе бидат наменети за купување на словенечката компанија „Жито", за што „Подравка" подигна и краткорочен кредит во висина од 58 милиони евра.
Како што соопштуваат од компанијата, продолжуваат позитивните трендови во сите сегменти во работењето и во првите шест месеци од оваа година. Во овој период, нето-добивката на „Подравка" изнесува околу 12,1 милион евра што претставува значаен пораст (од 284%) во споредба со истиот период минатата година, кога изнесуваше 3,1 милион евра.