
На 19 мај, околу 300 учесници присуствуваа на „3. Маркетинг самит Белград 2016“ за да дознаат повеќе идеи и да одговорат на предизивиците со кои се соочуваат при нивното работење во „новото време“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 19 мај, околу 300 учесници присуствуваа на „3. Маркетинг самит Белград 2016" за да дознаат повеќе идеи и да одговорат на предизивиците со кои се соочуваат при нивното работење во „новото време".
Технологија, изразена комуникација, како и сѐ побројните можности за развој на работењето доведуваат до значајни промени во навиките на потрошувачите, а брендовите поттикнуваат иновативни начини со кои доаѓаат до купувачите и ја градат нивната лојалност. Петнаесет врвни говорници го поделија своето знаење и искуство за идните трендови, создавање на дополнителни вредности за купувачите, диференцијација и глобален настап.

Главниот говорник Николас Кфури, директор на консултантската компанија „Кфури консалтинг", ги презентираше глобалните трендови кои ќе го обликуваат маркетингот во 2020 година. Како консултант и извршен тренер, со својата експертиза во корпоративната глобална стратегија, маркетинг и брендинг, ги анализираше потрошувачките брендови и покажа како купувачите ќе живеат, ќе се однесуваат и ќе купуваат во текот на годините пред нас. Ова беше единствената можност за сите домашни компании да слушнат и да научат како стекнатото знаење може да го искористат и приспособат во работењето.
Бранко Грегановиќ, извршен директор на „НЛБ банка" – Белград, истакна дека маркетингот не се само трендовите и потрошувачите, тој треба да биде кратор на бизнисот.
Д-р Томас Хaлер, консултант зборуваше за тоа како компаниите можат успешно да се справуваат со конкуренцијата на пазарот и да го зголемат профитот со системска примена на ценовната стратегија, како главна маркетинг-алатка.
Пјотр Нагалски, маркетинг-директор за патнички гуми за Централна Европа во компанијата „Гудјир Данлоп" со своето долгогодишно искуство во многубројни компании од FMCG-секторот, зборуваше за создавање на дополнителни вредности за трговците, клиентите и крајните потрошувачи.
Преку примерот за кафето Black&Easy, Алан Шќурич, маркетинг-директор на деловното подрачје кафе во „Атлантик група" покажа како врз производот може да се искреира нова вредност во ситуација на пад на пазарот.
За силата и предностите на дигиталниот маркетинг, но и за најчестите грешки на компаниите во овој сегмент, стана збор во тематскиот дел „Don’t talk just do it" – дигиталното е секаде. Во овој дел говорници беа: Марин Шимурина, директор на агенцијата „Греј", Владимир Зариќ, одговорен за одделот за дигитално работење во „Лио Бурнет", Мартина Анѓеловиќ, дигитал-менаџер во „Ексит фестивал", Драган Филиповиќ, претседател на извршниот одбор и генерален менаџер на „Генерали" – Србија, Марио Вогл, постар заменик претседател за корпоративен маркетинг во „Горење груп", Бранко Блечиќ, консултант, Маријана А. Молнар менаџер од агенцијата ГфК.
Тркалезната маса ја модерираше Примож Хвала, програмски директор на конференцијата, а во разговорот беа опфатени точките на диференцијација, создавање на дополнителни вредности за потрошувачите, како и иднината на маркетингот во Србија. Учесници беа: Катерина Прибиќевиќ директор за стратешки развој во „Меккен" – Белград, Изабела Бранковиќ директор за маркетинг во компанијата „Рингиер Аксел Спрингер" – Србија и Љубомир Ристиќ, шеф на канцеларијата за маркетинг во „Комтрејд груп".
Организатори на самитот се магазинот InStore и деловната академија „Финанце".
Фотографиите и презентациите на учесниците, наскоро ќе бидат достапни на официјалната страница на самитот: www.marketing-summit.rs