
Компанијата „Лагермакс“ го претстави новиот логистичко-дистрибутивен центар во овој дел од Европа, за чија изградба и опремување се вложени околу 11,7 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Лагермакс" го претстави новиот логистичко-дистрибутивен центар во овој дел од Европа, за чија изградба и опремување се вложени околу 11,7 милиони евра.
Центарот се простира на површина од 50.200 квадратни метри, со вкупен капацитет на складирање од 17.000 квадратни метри, можност за складирање на 25.000 палети, 37 рампи за товарње и растоварање и канцелариски простор од 1.300 квадратни метри.
Досега концернот во Хрватска инвестираше речиси 41,8 милиони евра и тоа во логистички центар во Лука за прифаќање, складирање, подготовка и опремување на нови автомобили за Хрватска и за регионот, во логистички центар во индустриската зона Кукуљаново со вкупна површина од 23.000 квадратни метри и во нов логистичко-дистрибутивен центар во Кукузовец. Со купувањето на земјиште во Неметин, компанијата ќе продолжи да инвестира во оваа држава.
„Лагермакс" е компанија основана во 1920 година во Австрија. Има повеќе од 3.000 вработени во 12 европски држави на 54 локации. Присутна е во Германија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Словачка, Хрватска, Унгарија, Романија, Словенија, Србија и во Турција.