
Компаниите „Кока-кола“ и „МБ Импекс“ потпишаа договор за дистрибуција и продажба на ракија и ликер на територијата на БИХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите „Кока-кола" и „МБ Импекс" потпишаа договор за дистрибуција и продажба на ракија и ликер на територијата на БИХ.

Како што најавија компаниите, дистрибуцијата и продажбата на единствената палета на ракија и на ликер, на територијата на БИХ, ќе се реализира преку „Кока-кола ХБЦ Б-Х".
Благодарение на воспоставената соработка со „МБ Импекс", БИХ е една од 11 земји во кои „Кока-кола Хеленик" работи како најголем европски дистрибутер на алкохолни пијалаци. Работиме на зајакнување на присутноста на овој пазар со цел континуирано создавање на поголеми вредности за своите потрошувачи, купувачи, вработени и доставувачи, истакна Аднан Топиќ, комерцијален директор и директор за франшиза во „Кока-кола ХБЦ Б-Х".
Директорот на компанијата „МБ Импекс", Милан Балаќ ја најави дистрибуцијата на проиводите: Divna rakija, Zlatna rakija, OM rakija, Zlatni pelin, Meduška и Baba Višnja.
Поврзувањето со „Кока-кола ХБЦ Б-Х" е големо признание за нашата работа, но и голема обврска. За нас оваа компанија не е само купувач и дистрибутер, туку деловен партнер што во иднина ќе ни помогне при продажбата на нашите производи преку нивните дистрибутивни мрежи во Европа, изјави Балаќ.