
На почетокот од февруари, компанијата „Књаз Милош“ почна соработка со „Милшпед“ во областа на дистрибутивното и магацинското работење.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На почетокот од февруари, компанијата „Књаз Милош" почна соработка со „Милшпед" во областа на дистрибутивното и магацинското работење.
Договорот за соработка меѓу двете компании се дефинира како деловна соработка меѓу нив, која ќе се заснова на дистрибуција на производите, складирање, меѓународен транспорт и царинско посредување, соопштуваат од дистрибутивната компанија.
„Милшпед" го презеде работењето на шест дистрибутивни центри, во кои, покрај крос-докинг, ќе се врши и комисион на продажбата на стоките, како и управување со залихите.
Целта на деловната соработка е задоволување на барањата на купувачите со ефикасна и навремена испорака, која ќе го обезбеди и ќе го сочува високиот степен на квалитет на производите, се наведува во соопштението.