Компанијата „Содибал“, која е носител на франшизата на француската групација „Казино“ на Балканот, го затвори и вториот супермаркет во Белград, кој работеше под банерот „Лидер прајс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Содибал", која е носител на франшизата на француската групација „Казино" на Балканот, го затвори и вториот супермаркет во Белград, кој работеше под банерот „Лидер прајс".
Со затворањето на овој супермаркет, француската групација повеќе не е присутна на српскиот пазар. Првиот малопродажен објект – маркетот „Казино", беше затворен на почетокот од 2016 година и на неговото место подоцна се „всели" маркетот „Шоп &гоу".
На почетокот од 2013 година, „Содибал" го најави партнерството со групацијата „Казино" преку франшиза. Истата година во ноември, на улицата Облиќев венац беше отворен првиот маркет на површина од 200 квадратни метри. На отворањето, менеџментот најави проширување и во другите градови во Србија, но и во земјите во регионот. По повеќе од една година, компанијата го отвори и супермаркетот „Лидер прајс" на улицата Илија Гарашанин, на продажна површина од 500 квадратни метри.
Србија беше единствената земја во Југоисточна Европа, во која работеше „Казино". Во соработка со партнерите, француската групација има силна експанзија во Азија.
За групацијата
„Казино" е голем дистрибутер, специјализиран за продажба на (не)прехранбени производи, кој работи преку мрежа хипермаркети, супермаркети, помали продажни објакти, како и преку е-трговија во Франција и низ целиот свет. Компанијата почна со работа во 1898 година, а во 1901 година, групацијата го комерцијализираше својот бренд „Казино". Денес, асортиманот го сочинуваат повеќе од 10.000 артикли, од кои, повеќе од 6.000 се прехранбени производи.