
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Jana Ice Tea и платформата Ice Queen преку No Drama studio, нов креативен и музички проект во Хрватска, ќе им ги отворат вратите на професионалното студио на младите автори и ќе им овозможат да искусат како изгледа вистинска студиска сесија, да работат со етаблирани имиња од домашната трап-сцена и да го покажат својот талент.
Проектот е насочен кон новата генерација автори, а пријавувањето започна на 15 септември и ќе трае до 5 октомври. За учество не е потребна готова песна, професионално демо или студиска снимка.
Кандидатите можат да се пријават преку WhatsApp со испраќање гласовна порака или кратко видео во траење до 45 секунди. Задачата е да изведат свој стих на тема „No Drama“, на битот од виралната песна Jana Ice Queen.
Пристигнатите материјали ќе ги преслушаат Хилјсон Мандела и Трапославија, кои во проектот учествуваат како ментори и членови на стручното жири. Врз основа на креативноста, оригиналноста и потенцијалот, тие ќе изберат тројца автори кои ќе добијат можност да влезат во YEM studio и да учествуваат во заедничка сесија.
Таму, со поддршка од менторите, дополнително ќе ги развијат своите стихови и ќе ги снимат во професионални студиски услови. Од снимените стихови ќе биде создадена и посебна верзија на песната Jana Ice Queen, а целата сесија ќе биде забележана со фотографии и видеоматеријали за кратко промотивно видео.
„Не бараме готови изведувачи, туку нови гласови, добри стихови и луѓе кои имаат нешто свое да покажат. Понекогаш е доволна една добра реченица или кратка снимка со мобилен телефон за да го направиш првиот чекор. Преку No Drama studio сакаме на младите автори да им овозможиме искуство кое инаку не е толку лесно да се добие – да влезат во професионално студио, да работат со луѓе кои ја познаваат сцената, да ги снимат своите стихови и да добијат можност да ги слушне пошироката публика.
Песната Ice Queen веќе покажа колку добро музиката може да се поврзе со новата генерација, а сега тој простор го отвораме токму за нив. Можеби токму оваа сесија за некого ќе биде поттик за следниот, уште поголем чекор“, изјави Тамара Врањеш Гуњевиќ, бренд-менаџерка за Jana Ice Tea.