
Брендот Fairy предаде донации на две детски институции, на домот „Моша Пијаде“ во Белград и на детското село „Др. Милорад Павловиќ“ во Сремска Каменица.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Fairy предаде донации на две детски институции, на домот „Моша Пијаде" во Белград и на детското село „Др. Милорад Павловиќ" во Сремска Каменица.
Донацијата е резултат на минатогодишната прослава на овој бренд, во чии рамки е направена најголемата торта во Србија. Вкупниот износ на донациите е повеќе од 7.000 евра за секоја институција.
За да се унапредат условите во двете институции во Србија и за да се исполнат детските желби, брендот Fairy стана нивен партнер и ја направија најголемата торта, со цел да се соберат средства за посветла иднина на децата.
Тортата е тешка 1.700 килограми, со големина 9х7 метри и се наоѓа во центарот „Делта сити". Во текот на два дена граѓаните имаа можност да пробаат од тортата и да дадат симболична донација. Собраната сума Fairy је дуплираше и на неа ја додаде сумата собрана од продажбата во текот на кампањата „1 пакување = 1 донација", одржана од 15 ноември до 15 декември, во објектите на „Рода" и „Идеа".