
Уредени според новиот и модерен концепт, „Бипа“ отвори две дрогерии - на 15 декември во општината Вишково, а на 19 декември во Златар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Уредени според новиот и модерен концепт, „Бипа" отвори две дрогерии - на 15 декември во општината Вишково, а на 19 декември во Златар.
Модерниот дизајн и идејата за враќање на природата со истакнување на природните материјали, се водечките карактеристики при уредувањето, па затоа и целиот простор е во знакот на неутралните, пастелни бои и индустрискиот стил. Особено внимание е посветено и на урадувањето на катчето за шминкање. Вклучително со овие два објекта, во Хрватска се отворени вкупно 98 дрогерии „Бипа".
Следејќи го слоганот „Разубаветe си го својот ден", „Бипа" на потрошувачите им нуди голем број познати брендови, но и свои приватни трговски марки: Tody, Clever, Bi Good, Look by Bipa, Babywell. Во својата програма имаат и широк асортиман на производи за детска нега, како и Bipo Klub -програма за лојалност наменета за бремени жени и родители на деца до три години.