
Во компанијата „Чипс веј“, пред четири месеци пуштен е погонот за производство на грицки од пченкарно брашно.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во компанијата „Чипс веј", пред четири месеци пуштен е погонот за производство на грицки од пченкарно брашно.
Според зборовите на Томислав Бајевиќ, директор на компанијата, капацитетите на оваа линија ги надминуваат оние на конкуренцијата.
Ваков погон за производство немаат ниту поголемите производители од нас, а неговата вредност е 2,5 милиони евра. Во моментов работиме со 30% капацитет и секој месец го зголемуваме тој процент, така што се надеваме дека во септември годинава ќе работиме со полн капацитет, изјави Бајевиќ.
Според неговите зборови, компанијата аплицирала за субвенционирање од државата, од каде и добиле средства.
Добивме 365.000 евра врз основа на бројот на вработени и инвестициите, но и ние моравме да ги исполниме сите обврски кои се бараа од нас. Имавме обврски да вработиме 30 работници, а ние вработивме 55, истакна Бајевиќ.